Студено, преку денот сончево со мала локална облачност

Од:

Времето утринава ќе биде студено, преку денот сончево со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -4, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 5 степени.

Викендов ќе преовладува сончево време со студени утра и со умерена облачност во текот на денот.

Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде што ќе се формира нова снежна покривка.

Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Би можело да ве интересира

Попова Шапка со најмногу снег и најниски температури во земјава

Студен ден со облачност и повремени врнежи од снег

Горан Наумовски

Минусни температури наутро, дожд и снег попладне

Прогноза: Нема екстремна зима, но следуваат студени бранови

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени

Најстудено утрово е на Попова Шапка, над нулата е само во Демир Капија и во Гевгелија