Студено наутро, преку ден сончево со мала до умерена облачност

Од:

Времето денеска наутро ќе биде студено со појава на магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје наутро студено со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Како што информира УХМР, во следните денови ќе преовладува стабилно време со позитивни дневни температури кои ќе бидат во постепен пораст.

Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -8 степени.

По котлините ќе има појава на магла и во долините со магла дневните температури ќе остануваат пониски. Од понеделник се очекува зголемување на облачноста.

Би можело да ве интересира

Денеска студено утро со минусни температури, попладне до 14 степени

Најстудено на Попова Шапка, но и во Битола и Крива Паланка

Горан Наумовски

Денеска студено и сончево, минималната температура – 8, максималната 6

Попова Шапка со најмногу снег и најниски температури во земјава

Студен ден со облачност и повремени врнежи од снег

Горан Наумовски

Минусни температури наутро, дожд и снег попладне