Стружани добија кино

Од:

Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга беше инсталирана новата кино опрема доделена од страна на Mинистерството за култура. Трето Полувреме веќе ја имаше и својата премиера во градот на поезијата.

Разликата е голема, вели Директорката на Центарот Слободанка Попоска, која појасни дека филмовите се прикажуваат преку проектор со дополнителен објектив и ХБ резолуција и 3D плеер марка „Филипс“.

Сепак, појаснува Поповска голем проблем останува грењето во текот на зимските месеци.

„Просториите редовно ги затоплуваме, но објектот е стар и нема соодветна изолација, така што тешко се загрева. Имаме доволно количество нафта, редовно загреваме од сите страни, но не се чувствува голема топлина. Уште пред две-три години повикав стручно лице, инженер, кој кажа дека само со добра изолација, големата просторија може да биде затоплена“, изјави Директорката на оваа установа.

Центарот е изграден пред 4 децении, а делумно реновиран со сопствени средства, но и со помош од министерството за култура, како и од Американската агенција за меѓународен развој УНДП која донираше 10 илјади долари за библиотеката која работи во рамки на установата.

Би можело да ве интересира

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“