Струшкото обвинителство подведе постапка против две лица за напад на службено лице

Од:

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против две лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Струга.

– Двајцата браќа од струшко Велешта, на возраст од 24 и18 години, на 15 јуни заеднички нападнале двајца полициски службеници од ОВР Струга кои вршеле контрола на патниот сообраќај. Притоа, осомничените ги удирале полициските службеници со шамари и тупаници и им нанеле телесни повреди. За да се совладаат осомничените на помош кон нападнатите полицајци притекнале уште тројца нивни колеги, информираат од Обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени заради можноста да го повторат делото или да се дадат во бегство. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи притвор во траење од осум дена.​​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај