Струшкиот совет остана без претседател

Од:

Струшкиот совет остана без претседател откако политичките партии застапени во него, не се договорија околу изборот. Како што веќе објави А1он, предлогот на ДПА и градоначалникот Зијадин Села, Абдула Ќазимоски да биде претседател не ја доби потребната поддршка.

Против гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а воздржани беа советниците од ДУИ. Не помина ниту предлогот на македонскиот блок партии, Јулијана Зуноска да биде претседател. Против овој предлог гласаа сите советници од албанскиот блок партии.

Македонските партии излегоа со став дека треба да се почитува мултиетничноста на Струга и претседател со новиот струшки совет да биде Македонец.

Со ова се поголема е веројатноста, дека во Струга можат да се случат нови локални избори за избор на советници, бидејќи Законот за локална самоуправа предвидува, дека ако во рок од 3 месеци од конституирањето на советот не се избере претседател, тогаш треба да има нови избори за советници.

Еден месец од законски-утврдениот рок веќе помина.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга