Струшкиот градоначалник доби телефонски закани

Од:

Струшкиот градоначалник Зијадин Села вчера телефонски добил закани од  Дилавер Бојку Леку., сопственикот на угостителскиот објект на брегот на реката Дрим.

Причина за заканите било писменото барање кое општината го испратила до угостителот да ја отстрани дивоградбата на кејот.

Во спротивно, во барањето било наведено дека општината ќе ја отстрани дивоградбата со фирма која ке ја ангажира, а на  сметка на сопственикот.

Од полицијата во  Охрид потврдија дека во текот на вчерашниот ден во полициската станица Струга е пријавена поплака од струшкиот градоначалник дека му се закануваат.. Полицијата писмено го предупредила сопственикот на објектот да престане со заканите а проблемите да ги решава во институциите.

Неодамна, во осумдневен притвор заврши сопственик на еден интернет портал од Охрид поради заканите кои ги упатил на охридскиот градоначалник.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски