Струшката болница доби донација од браќата Асани

Од:

Струшката општа болница денеска доби донација од околу 1.000 постелнини, два транспортни уреди за пренос на постелнина и две колички за неподвижни лица.

Донацијата е од браќата Наим и Шптим Асани од САД, а ја прими директорот на Болницата Реџеп Даути, кој упати благодарност до семејството.

– Денеска добиваме медицинска донација, која ќе ја користат пациентите хоспитализирани во нашата болница. Им благодариме на браќата Асани за оваа донација, рече Даути.

На предавањето на донацијата присуствуваа заменик-министерот за здравство Асим Муса и претставници на општина Струга.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга