Струмички земјоделци бараат повисоки откупни цени на раноградинарските производи

Од:

Земјоделци од Струмица со своите трактори и механизација денеска ги блокираа улиците на градот во знак на револт поради, како што истакнуваат, ниските откупни цени на раноградинарските производи, но и нивниот лош пласман.

Тие бараат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство итно да интервенира, а во спротивно најавуваат блокади на патишта и фрлање на родот.

Исто така бараат да се укине оданочувањето, а договорите со откупувачите на индустриска пиперка да бидат со цени со кои претходно се договориле.

Според нив, последниве десетина години, раноградинарските производи имаат најниски откупни цени. За тоа, според земјоделците, влијае увозот на раноградинарски производи од надвор.

Би можело да ве интересира

Цеков: Ако државата сака домашна храна треба да го поддржи македонскиот земјоделец

ВИДЕО: Место илјадници евра, од септември 0 денари ќе биде трошокот на земјоделците за подготовка на бизнис-планови

Се потежок животот во руралните средини на крајниот Исток

Околу 900 дозволи за земјоделци за работа во време на полициски час

А1он

Земјоделците ќе можат да работат на земјоделските површини и фарми во атарот на своето село, за надвор од селото ќе треба да вадат дозвола за движење

А1он

Влада: Дел од земјоделците се изземени од ограничувањето за движење за викендите

А1он