Струмичани превезувале азиланти, а грничен службеник им помагал

Од:

Двајца струмичани и еден полициски службеник од граничниот премин „Дојран“ се уапсени и им е изречен кривичен притвор во траење од 30 дена, соопшти полицијата.

Полицијата пред тоа поднесе и кривични пријави против двајцата струмичани за „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“, а против полицискиот службеник од граничниот премин „Дојран“ за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „соизвршителство“.

Според полицијата, струмичаните Ј.М. (46), А.А. (33) во текот на минатата година со цел да заработат врбувале, поттикнувале, организирале и превезувале македонски државјани во државите од Европската унија и Шенгенскиот договор, додека пак полицискиот службеник помогнал овие лица да ја поминат границата без да бидат регистрирани.

Цел на струмичаните биле голем број граѓани од општините Струмица, Виница и Радовиш и други места на кои им ветувале статус на азиланти во соодветната држава на ЕУ за што им наплатувале најчесто од 200-300 евра од член на семејство.Тронаспортот, според полицијата, најчесто го вршеле со патничко моторно возило „Форд Транзит“и „Форд Галакси“ со струмички регистарски таблички и во време кога на работно место бил полицискиот службеник кој ги пропуштал без да ги регистрира „азилантите“.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он