Струмичанец загина во сообраќајка на патот Банско-Морино

Од:

Четириесет и едногодишен струмичанец синоќа загина во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат село Банско – село Морино.

Како што информираат од МВР, синоќа во 21:30 часот на регионалниот пат с.Банско-с.Морино, Струмичко, Л.Л. (41) од с.Борисово управувајќи патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки излетал од патот и удрил во ограда, при што од ударот возилото се одбило и паднало во канал за наводнување.

Возачот Л.Л. од здобиените повреди починал на местото на настанот. Увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Струмица.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски