Струмичанец прегазил малолетник во Кавадарци па побегнал

Од:

На 30.09.2021 во 14.11 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Шишка“ во Кавадарци, патничко возило „југо“, со демиркаписки регистарски ознаки, удрило во малолетен пешак од Кавадарци, по што го напуштил местото информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци. По преземени мерки од полициски службеници е утврдено дека возилото го управувал А.К.(27) од Струмица, со престој во Кавадарци. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци, а во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар