Струмичанец ја избодел сопругата, претходно се обидел да и стави непозната течност во уста

Од:

На 26 ноември 2025 година, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 48-годишен жител на струмичко село, по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга.

Според првичните информации, осомничениот со остар предмет ѝ нанел телесни повреди, а претходно се обидел насилно со шприц да ѝ внесе непозната течност во устата.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица. За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чија насока се преземаат мерки за целосно документирање на настанот. По завршувањето на истражните дејствија, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес