Струмица одбележа 110 години од смртта на Гоце Делчев

Од:

Општина Струмица со пригодна свеченост денес ја одбележа 110 годишнината од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. Пред споменикот на  на легендарниот револуционер, која се наоѓа на истоимениот плоштад, претставници на локалната самоуправа, јавни и дрќавни институции, политички партии и граѓански здруженија положија свежо цвеќе, а за животот и делото на Гоце Делчев зборуваше Марјан Даскаловски, претседател на Советот на општина Струмица.

-Великанот на македонското револуционерно дело за ослободување од многувековното турско ропство, големиот социјалист, стожер на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација и вљубеник во родната грутка – Гоце Делчев, за релативно кус временски период повторно не собра пред неговиот монументален паметник во нашиов град. Тој како да сака да не потсети дека ваквите собири во негова чест не се само одбележување датуми, туку чување на аманетот за продолжување на традициите на нашиов народ, секој во своето време и на свој доблесен начин да го даде својот несебичен влог за Македонија и македонштината. Многу поважно за сите нас е да знаеме да бидеме калемари на она што Гоце Делчев го има остварено како неизбришливо дело во историскиот растеж на нашава изнапатена но горда земја.

– Така треба да го чествуваме Гоцета, без разлика дали тоа го правиме на 4.февруари или на 4.мај. Но сигурно не ќе е доволно ако само два дена во годината не води Гоцевата мисла, туку катадневно треба да работиме со љубов кон татковината, носејќи ја длабоко во себе Гоцевата љубов што ќе ни дава сила, поткрепа и стремеж кон високи дострели, за вечни времиња. На тој начин ќе сториме многу и за својата земја и за својот народ, за својот град или село но и за сите сограѓани, ќе сториме толку колку што ќе биде доволно да бидеме среќни и ние и оние кои доаѓаат по нас, рече Даскаловски.

Во чест на Гоце Делчев, членови на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ читаа револуционерна поезија.

ФОТО: strumicanet.com

Би можело да ве интересира

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025

122 години од смртта на Гоце Делчев – Левица оддаде почит на Великанот

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

Мицкоски: Македонија е изградена од саможртвата на хероите кои ги дадоа своите животи за нашата слобода

Горан Наумовски

Во Македонија денеска се одбележува 122 години од смртта на Гоце Делчев

Горан Наумовски

Мицкоски: Гоце Делчев е дел од македонскиот идентитет

Катерина Ѓуровски