Струга со акциски план ќе ја зголемува безбедноста на средношколците

Од:

По низата вербални расправии и физички пресметки во средношколските центри „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“, општина Струга усвои акциски план за безбедност во средните училишта.

На изработката на овој значаен документ во сферата на образованието во текот на изминатиот период работеше Локалниот совет за превенција. Хјунор Кица, член на ова работно тело, објаснува дека при подготовката на планот предвид биле земени досегашните слабости и пропусти кои се однесуваат, пред се, на асоцијалното и насилното однесување на младите.

– Тоа е еден проект што се прифати од страна на сите советници и е многу добра работа.

Сметам дека во последно време се релаксирани работите во средните училишта и мислам дека се повеќе треба да се работи и со децата и со родителите, вели Кица.

Според него, акциониот план за безбедност на средните училишта е донесен во вистинско време, поточно во пресрет на изборната кампања за локалните избори.

– Апелирам до политичките партии, барем во предизборната кампања да не ги злоупотребуваат децата, додава Кица.

Од струшката локална самопурава информираат дека спроведувањето на планот ќе биде покриено од буџетските средства на институциите вклучени во работата на проектот и од можни донации и спонзорства, од меѓународни фондации, како и од бизнис секторот во општината.

Планот предвидува дел од неговите активности во текот на првите три месеци, финансиски да бидат покриени од страна на Министерството за внатрешни работи и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Речиси десет години двете општински средни училишта во Струга беа препознатливи по честите меѓусебни тепачки, посебно на етничка основа. Минатата седмица се случи уште еден инцидент во средното училиште „Нико Нестор“ во кој беа инволвирани пет ученика. Против тројца од нив, струшката полиција поднесе прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир со физички напад.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“