Струга ќе добие Центар на заедниците

Од:

Во зградата на Министерството за одбрана во Струга денеска ќе биде отворен Центар на заедницата во општината.

Преку Центарот ќе биде обезбедена административна помош за граѓаните, неформално образование за младите и возрасните и поддршка на младински, граѓански и културни иницијативи.

По отворањето на Центарот на заедницата ќе се одржат јавни расправи по четири Нацрт-локални стратегии на општина Струга и тоа за образование, млади, соработка со граѓанските организации и за социјална заштита. На овие расправи ќе бидат презентирани нацрт-локалните стратегии, процесот на нивната изработка, визиите и стратешките приоритети, како и мерките за нивно постигнување. Целта на овие расправи е да се поттикне отворена дискусија и да се овозможи учество на граѓаните и сите заинтересирани страни во процесот на креирање на локалните стратегии на општина Струга.

Изработката на локалните стратегии и формирањето на Центарот на заедницата на општина Струга се дел од проектот „Општина по мерка на граѓаните“ кој партнерски го спроведуваат општина Струга и Фондацијата отворено општество – Македонија. 

Би можело да ве интересира

Двајца браќа од струшко село повредиле жена која патувала во комбе

Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени и лиценцирани спасители

Починато бебе однесено во струшката болница

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете