ФОТО: Струга како паланка

Од:

Иако Струга се наоаѓа во екот на летните одмори, градот не остава впечаток на туристички град бидејќи нивото на хигиена и уреденост не е на задоволително ниво.

Вака реагираат од Здруженито „Зери“ од Струга кои апелираат до надлежните институции во градот, особено до комуналната служба да се грижи за чистотата во Струга.

Тоа што е евидентоно се остатоците од отпадоци во секој агол од градот како и недостатокот на канти за отпадоци, почнувајќи од главното шеталиште, струшката чаршија, парковите и долж кејот на реката Црн Дрим.

Многу лоша глетка во центарот на градот создаваат големите бетонски канти преполни со ѓубре, а од каде се шири многу голема миризба.

Загрижува и недоволното одржување на инфраструктурата во градот особено на тротоарите во центарот на градот каде скршените плочки се заменуваат со несоодветни плочки велат од „Зери“.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски