Струга: Излезеност од 57% до 17

Од:

До 17 часот во Струга, според информациите на претседателот на Општинската изборна комисија во Струга, Џенгис Хани, на гласање излегле 57 проценти од граѓаните со право на глас.

Портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид Стефан Димоски информира дека од почетокот на гласањето во 7 часот утринава досега не се пријавени инциденти во полицијата.

– Во Секторот за внатрешни работи Охрид досега нема пристигнато ниту една пријава за каков било облик на нарушување на она што значи фер и демократско гласање на граѓаните од општините Струга и Вевчани, вели Димоски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември