Страшевски: Не постои одредба дека Судскиот совет констатира престанок на мандат поради истек

Од:

Адвокатот Јовица Страшевски упати отворено писмо до поранешниот судија – поротник Лилјана Ивановска – Кочковска.

Писмото го пренесуваме интегрално.

„Почитувана г-ѓо Ивановска – Кочковска,

Ова мое јавно обраќање до Вас ќе го започнам со една мисла на човекот кој многу го ценам бидејќи има многу направено за Македонија и кој во далечната 1903 година пишува за потребата од морално и умствено совршена интелигенција! Имено, Крсте Петко Мисирков тогаш истакнал дека „Слободата на совеста е признаена насекаде;

Во оваа прилика сакам да Ви укажам на неколку законски одредби и факти и да Ве повикам да не потпаѓате на било какви притисоци, закани, уцени, ветувања и гаранции и зошто верувајте ми ќе Ве искористат, ќе избегаат од Вас и ќе ве остават сама да се справите со последиците од Вашето незаконско дејствување.

1. Избрана сте за судија – поротник, согласно одлуката на Судскиот совет Бр. 02-220/3 од 24 декември 2015 година

2. Согласно член 49 од Законот за судовите, мандатот Ви траел 4 години

3. Вашиот мандат согласно Законот за судови престанал на 23 декември 2015 година до 23:59:59 часот

4. Во член 53 од Законот за судски совет на РСМ е предвидено дека Советот избира и разрешува судии-поротници по предлог на претседателот на надлежниот суд

5. Во законот за судски совет на РСМ не постои одредба дека Судскиот совет констатира престанок на мандат поради истек на мандатот

6. Согласно Одлуката на Судскиот совет од 24.12.2015 година и Законот за судови неспорен факт е дека Вашиот мандатот е престанат по сила на закон поради истек на времето за кое сте именувани да ја вршите функцијата судија – поротник

7. Доколку продолжите да се појавувате на судските рочишта во својство на судија поротник ќе сторите кривично дело лажно преставување согласно член 391 од Кривичниот законик за кое дело е предвидена затворска казна.

Како поранешен поротник го ценам Вашиот ангажман и труд да придонесите кон владеење на правото во нашата земја и се надевам дека после ова обраќање вашата совест и свест ќе проработи и нема да дозволите за туѓи интереси бидете натерана да работите спротивно на закон.

Во наредниве денови очекувам од Вас на оние кои Ви дале шанска до истекот на Вашиот мандат чесно и одговорно да ја вршите својата функција да им се заблагодарите за укажаната можност а на Вашите досегашни колеги да им се заблагодарите за досегашната соработка и повеќе не доаѓате на судските рочишта за било кој предмет во својство на судија – поротник“, пишува адвокатот Јовица Страшевски.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО