Страотна сообраќајка кај „Охис“

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 22 часот и 30 минути на булеварот Борис Трајковски во правец кон Драчево во близина на фабриката „Охис“.

Најмалку две возила од сударот се тешко оштетени и сигурно има повредени, пренесе Плусинфо.

Вечерва на местото на несреќата имаше 2 амбулантни возила и противпожарно возило и екипа на МВР.

Засега нема детали за несреќата ниту за евентуалните жртви.

Од ударот едно од возилата беше целосно уништено, превртено на покривот, а моторот беше излезен од шасијата. Противпожарни екипи веројатно го гаселе пожарот во кој беше ззафатен моторот. Друго возило беше забиено во ограда од стопански објект наспроти Охис.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он