Странец на чело на aнкетната комисија за 24. декември

Од:

Решено е претседател на Анкетната комисија за инцидентите на 24. декември да биде странец.

Поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не постигнаа договор за експерт од земјава, делегацијата на Европската унија во Скопје подготвила листа со меѓународни експерти, а предлогот е еден од нив да ја преземе задачата претседател на комисијата, јави Алсат М.

Алсат дознава дека ВМРО и СДСМ се согласиле. Станува збор за компромис и од владејачката партија на Никола Груевски кој првично беше против ваквата опција, со образложение дека странци не треба да се мешаат во внатрешните политички прашања на Македонија.

Ниту од ВМРО- ДПМНЕ, ниту од СДМС не коментираат дали се блиску до консензус. Властите од Брисел постојано ги критикуваат политичарите во земјава поради неподготвеноста да ги надминат разликите и да ја комплетираат комисијата со што се загрозува исполнувањето на еден од политичките критериуми од Копенхаг.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on