Странци од земји со висок и среден ризик ќе влегуваат во Македонија ако постои државен или економски интерес

Од:

Како дополнителна мерка за справувањето со коронавирусот по прогласувањето на кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека е формиран главен координативен кризен штаб.

„Со главниот координативен кризен штаб ќе раководи претседателот на Владата, а ќе челнуваат сите заменици на претседателот на Владата, министрите за здравство, за одбрана, за внатрешни работи, за транспорт и врски, за финансии, за образование и наука, за надворешни работи, директорот на Центарот за управување со кризи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување. Целта е ове тело да врши целосна координација. Со прогласувањето на кризна состојба во ова тело се внесени повеќе институции во системот за координација и работа на терен за подрачјата каде што се прогласи оваа состојба“, рече министерот Филипче.

Штабот, со претходно мислење од Министерството за внатрешни работи, ќе одлучува и за влез на странци во Македонија од земјите со висок и среден ризик доколку за тоа постои државен или економски интерес.

„Денес воведовме нова мерка, забранет е влез за странци од земји со среден ризик, дополнително на оние со висок ризик според листата на Светската здравствена организација. Забраната важи за сите освен за оние за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола, случаи кај кои има посебен државен или економски интерес. Тие ќе влегуваат во земјава по мислење од главниот координативен кризен штаб“, објасни министерот Филипче.

Главниот координативен кризен штаб ќе се состанува на дневна основа, претпладне во просториите на Владата, веднаш по состанокот на Комисијата за заразни болести.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ние ги спремивме новите бомби 2.0 најавувам дека утре следува нова

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Ковеши да ја посети Македонија, лично да се запознае со малверзациите што ВМОР-ДПМНЕ ги прави со европските фондови

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Посебна Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Ако вака продолжиме ЕУ ќе не врати повторно на ниво на скрининг

Филипче: СДСМ ја постави борбата против родово-базираното насилство како државен приоритет

Горан Наумовски