„Стоп за Вардариште“ ги дематира тврдењата на градоначалникот на Аеродром дека иницијативата е под партиско влијание

Од:

Иницијативата „Стоп за Вардариште“ во писмо до јавноста го демантира В.Д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, дека нивните протести се поврзани или под влијание на каква било политичка партија или организација.

– Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ најостро демантира дека нашите протести се под водство, влијание или во служба на која било политичка партија или организација. Нашата иницијатива е исклучиво граѓанска, чесна и независна – за здравјето на сите нас, за воздух без чад и отров, за иднината на нашите деца. Протестите ги организираме и ги водиме единствено ние – граѓаните. Никому не дозволуваме да ја злоупотреби нашата борба за партиски или лични цели. Нашиот единствен интерес е чист воздух, здрава животна средина и одговорни институции. Ги повикуваме сите сограѓани да останат обединети, да не подлегнуваат на дезинформации и да не дозволат нечија политичка агенда да ја поткопа нашата искрена борба. Нашата сила е во нашето единство и во нашата решителност. Протестите остануваат, секој ден во 18:00 часот, на раскрсницата кај мостот Близнак, се вели во соопштението од Иницијативата.

Би можело да ве интересира

На депонија „Вардариште“ живеат над 200 луѓе, потпалувањата се дело на мал дел од тие што живеат таму, вели Тошковски

„Стоп за Вардариште“ организира протест утре наутро на мостот „Близнак“

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

Нов пожар, гори фабрика за пластика, црни чадови над Скопје

Предраг Петровиќ

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ