Столтенеберг: Македонија може да добие покана за НАТО на самитот на 11 и 12 јули

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се надева дека ќе може да биде испратена покана за членство на Македонија во Алијансата на самитот што на 11 и 12 јули ќе се одржи во Брисел, откако Скопје и Атина постигнаа договор за спроот за името.

– Се надевам дека ќе има напредок со поранешната југословенска Република Македонија бидејќи тие постигнаа договор со Грција за проблемот со името. Ако тој договор биде финализиран и целосно применет новото име ќе биде Република Северна Македонија и тогаш можеме да тргнеме кон членство на поранешната југословенска Република Македонија во НАТО. Искрено се надевам дека тоа ќе можеме да го направиме, изјави Столтенберг во интервју за француската телевизија „Франс 24“.

На прашањето дали има временска рамка за членството на Македонија, првиот човек на НАТО вели дека тоа зависи од финализирањето на договорот во Скопје.

– Но, јас се надевам дека ќе можеме да почнеме преговорите за членство, односно да донесеме одлука за нивен почеток на самитот на НАТО во јули, ако се се одвива според планираното околу ратификацијата и референдумот кој ќе се одржи подоцна оваа година, изјави Јенс Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана