Столарска и машинобраварска работилница – нова понуда на средното училиште „Моша Пијаде“ од Тетово

Од:

Отворање две работилници за столар и машинобравар ќе биде резултатот од соработката помеѓу средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“ и граѓанската организација Институт за развој на заедниците (ИРЗ) од Тетово.

Според директорот на училиштето Небојша Трпковски до реализација на оваа идеја дошло бидејќи во заедничките анализи било увидено дека овие кадри се бараат на пазарот на трудот. Во обуката на заинтересираните покрај надворешни предавачи ќе бидат ангажирани и наставници од училиштето со соодветни познавања.

– Освен обновата на нагледните средства и подобрување на условите за практична настава учениците, но и други заинтересирани преку овие работилници ќе можат да поминат обука за столари или машинобравари. Токму вака обучените ученици потоа ќе може да ни помогнат во одржување на инвентарот и негови помали поправки што секако ќе придонесе во намалување на трошоците на нашето, но и на другите училишта во градот и околината, изјави Трпковски.

Извршниот директор на ИРЗ Сретен Коцески посочи дека поставувањето на опремата за двете работилници е потпомогнато од германската невладина организација АСБ, како и градот Виена.

– Проектот ќе трае 24 месеци почнуваќи од 1 октомври и вака опремените работилници треба да овозможат од една страна пракса за учениците, а од друга можност за прекфалификација и обука за заинтересираните за столар или машинобравар. Оваа содржина ја немаше во понудата на ова училиште во последните години, но во заедничка соработка ИРЗ и училиштето „Моша Пијаде“ во следниот период ќе ја подготват и наставната програма, рече Коцески.

Тој најави дека доколку има финасиски и просторни можности ќе се обидат да овозможат и обука за пекари.

Би можело да ве интересира

Маж од Тетово заработи кривична од МВР откако ја истепал сопругата

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година