Стојкова: Во Струмица се носат кучиња бездомници од други градови

Од:

Во Струмица се носат кучиња бездомници од други градови со што проблемот со нив не може да се реши брзо и покрај постоењето на Стационар за бездомни кучиња „Лајка“.

Оваа оценка ја искажа директорката на Стационарот, Сузана Стојкова, која информираше дека 90 отсто од постоечкиот број на кучиња е третиран.

– Имаме неофицијални податоци за носење на кучиња во Струмица со комбиња од Тетово и Гостивар и камион со сина церада со непознати регистарски таблички. Затоа апелирам до граѓаните секоја ваков случај да го евидентираат и фотографираат и да ни помогнат во пронаоѓањето на сторителите, вели Стојкова.

Ова изјава на Стојкова доаѓа по вчерашната конференција на Локалниот совет за превенција, на која беше забележано дека граѓаните генерално се чувствуваат безбедно, а тие што не се чувствувале така како главен проблем ги посочиле кучињата скитници.

Инаку, од 1 февруари годинава кога е формиран Стационарот за бездомни кучиња во Струмица и досега се заловени 475 кучиња, од кои се третирани сите. На локации од каде се заловени се вратени 324, евтанизирани се 53, а стелизирани и кастрирани се 353 и се вдомени 63 кучиња.

Од Стационарот апелираат до сопствениците да имаат одговорно сопствеништво и да ги чипираат и стерилизираат кучињата, а во тек е и јавна кампања за подигнување на свеста за вдомување.

Би можело да ве интересира

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Законот што треба да го реши проблемот со бездомните кучиња четири години е заглавен, општините речиси и не плаќаат за „Лајка“

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Битола бара Обвинителството да ги истражи пријавите за каснувања од бездомни кучиња

Куќички за десет маалски кучиња: Скопје може да биде и убав град

Катерина Ѓуровски

Тетовец два пати неделава пријавил напад од бездомно куче, општината нема решение

Граѓани, адвокати и лекари од Велес заработуваат од оштети од каснување на куче, сомнежи дека е вмешана и општината

A1on