А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Стојановски: Зошто ЕЛЕМ се откажа од 155 милиони евра само во една јавна набавка?

by А1он02/10/2013 - 15:57117
Share0

Пратеникот на СДСМ, Благоја Стојановски, најави дека почнувајќи од денеска, на македонската јавноста ќе и бидат презентирани документи кои покажуваат како не би смееле да работат Електрани на Македонија.

Добивај вести на вибер

– Ова претпријатије во државна сопственост е најголемиот трошаџија во државниот сектор и и досега беше под лупата на јавноста поради огромното трошење и сомнителните зделки. Во изминатите 9 месеци повеќе од една третина од набавките на ЕЛЕМ биле без отворена постапка, во вкупна вредност од 845 милиони денари – изјави тој.

Во изминатите 9 месеци повеќе од една третина од набавките на ЕЛЕМ биле без отворена постапка;

Во вкупна вредност од 845 милиони денари;

Но, денешниов случај ги надминува и досегашните примери на неверојатна леснотија во трошењето на парите на македонските граѓани.

Во 2008 година, АД ЕЛЕМ отвора постапка за модернизација на агрегатите во ТЕ Битола во Постапка со преговарање со претходно објавување на оглас. Огласот има два дела:

ЛОТ 1: модернизација на турбини и генератори
ЛОТ 2: модернизација на котли
На 15 декември 2009, АД ЕЛЕМ склучи Договор со OJSC POWER MACHINES:

само за ЛОТ 1
3.438.162.671 денари
околу 56 милиони евра
Во 2010 година, ЕЛЕМ повторно започнува постапка за ЛОТ 2 (модернизација на котли) и на 15 декември 2011 (2 години по договорот за ЛОТ 1) склучува Договор со BABCKOCK BORSIG STEINMULLER GMBH:

вредност 6.422.445.000 денари
околу 104 милиони евра

Значи: модернизацијата на агрегатите на ТЕ Битола по ваквата постапка чини:
9.860.607.671 денари
околу 160 милиони евра

Што е спорно?

При првиот оглас, еден од учесниците TEHNOPROMEXPORT доставил конечна понуда:

ЛОТ1: 37.618.007,71 евра
ЛОТ2: 27.880.027,62 евра
ВКУПНО: 65.498.035,33 ЕВРА
95 милиони поевтино од тоа што договорило АД ЕЛЕМ

Значи, во процедура која траела повеќе од две години, ЕЛЕМ одлучува за модернизацијата на агрегатите во ТЕ Битола да плати 95 милиони евра поскапо.
Дополнително, заради одвоената работа на ЛОТ 1 и ЛОТ2, два блока во РЕК ќе бидат во застој од околу 100 дена (време потребно за реализација на предвидените работи) што значи и индиректна штета од околу 60 милиони евра, енергија која наместо да биде произведена во Македонија мора да се надомести со увоз на струја.

Веќе видовте како недомаќински и безобразно се трошат парите на македонските граѓани. Кои се причините АД ЕЛЕМ вака лесно да се откаже од неверојатни 155 милиони евра само во една јавна набавка.

Но, факт е дека ваквите бизнис-зделки како и профитот од увоз на струја кој надмина 73 милиони евра, само во првите седум месеци, директно влијаат на повисоките сметки за струја. Од џебот на македонските граѓани овие пари завршуваат во нечии дебели сметки.

sdsm

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски23/04/2026 - 10:3723/04/2026 - 18:14

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

Катерина Ѓуровски23/04/2026 - 09:44

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Горан Наумовски21/04/2026 - 17:04

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он20/04/2026 - 20:47

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он20/04/2026 - 19:0420/04/2026 - 22:44

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

Горан Наумовски20/04/2026 - 11:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто