Стојановски: Закажана нова вонредна седница на Советот на Град Скопје за ЈСП

Од:

За 14.45 часот закажана е нова вонредница на Советот на град Скопје за одлуката за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони евра и исплата на декемвриската плата, соопшти претседателот на Синдикатот на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје Миќо Стојановски пред вработените кои од претпладнето пред просториите на град Скопје чекаат исход за одлуката за субвенционирање на ЈСП и исплата на платата.

На седницата на Советот на Град Скопје што се одржа претходно денеска, одлуката за субвенционирање на ЈСП не беше усвоена поради недоволен број гласови, односно не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Триенаесет беа воздражани, а ниту еден против.

– Не помина за еден глас. Веројатно во меѓу време се јавил некој што му е криво што сите овде мрзнеме и ќе мрзнеме, а јавен градски превоз ќе нема па сака својата воздржаност да ја преточи во гласање „за“. Затоа вработените остануваат тука и ќе ја чекаме дополнителната вонредна седница и тогаш ќе бидете присутни и вие и ќе знаете што ќе се случува, изјави Стојановски, најавувајќи дека ќе нема јавен градски превоз ако нема нова седница на Совет на Град Скопје.

Јавниот градски превоз во Скопје е во прекин од 9 часот изутрина поради неисплатена плата за минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели