Стојановска: СДСМ го повлече предлогот Љубомир Јовески да биде уставен судија, повеќе не им е од корист

Од:

Нов ден, нов театар од страна на СДСМ. Денес СДСМ ја повлече кандидатурата на Љубомир Јовески за уставен судија.Главниот политички егзекутор, слепиот послушник и заштитникот на криминалот на власта во изминатите 6 години си ја заврши работата, а штета за тоа претрпе најмногу македонското судство. По 2 и пол години и 25 продолженија на матичната комисија во Собранието и по еклатантно кршење и газење на Деловникот сега СДСМ глумејќи одговорна партија се откажа од Јовески, изјави Дафина Стојаноска, пратеник на од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Причината за овој театар е едноставно. Љубомир Јовески повеќе не е им е потребен бидејќи здачата за која што беше поставен си ја исполни, а со тоа криминалите на СДСМ и ДУИ 6 години беа заштитени. Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата веќе 6 години во сите свои настапи и дискусии во Собранието но и по медиумите кажуваме дека овој човек е канцерот на македонското судство, во чиј мандат довербата во судството ја достигна нулата.

Неговиот мандат беше проследен со многу скандали, безброј непокренати обвиненија, скриени предмети, смешни и бизарни пресуди, ослободување на криминалци и уште многу партиски нарачани одлуки и пресуди. СДСМ веќе нема никаква корист од Љубомир Јовески и исто као и со Катица Јанева и Вилма Русковска се одрекуваа од овој човек за повторно да си ги заштитат партиските интереси. Доаѓа време на ревизии, на преиспитување на многу одлуки и решенија, но најбитно од се доаѓа време за одговорност на сите злодела и криминали што се случуваа во изминатите 6 години. Одговорност ќе има и за оние што правеле криминали но и за оние кои што требаше да ги спречат истите, а ги штитеа – рече Стојаноска.

Би можело да ве интересира

Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ, за конечно ДУИ и СДСМ да ги испратиме во опозиција

Стојаноска: Време е да се обединиме сите околу тоа веќе да не функционираме како до сега

(ВИДЕО) Стојаноска од Јегуновце: Оваа криминална власт вчера го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај

(ВИДЕО) Стојаноска: Граѓаните во среда ќе бидат гласни и ќе гласаат за Гордана Силјановска Давкова

Стојаноска: Предвидуваме рамен данок со што, Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Стојаноска: Потребно е национално обединување, државата да си ја вратиме во рацете на народот, бидејќи во моментов е во рацете на мафијата