Стојаноски: Власта руши државен систем за да легализира криминал при изградба на коридорите

Од:

Се руши уставниот поредок и правосудниот и законски систем на државата. Стана јасно кој ја води владата и колку е оваа влада корумпирана. Истите овие луѓе зборуваа за правда и мир, а самото време ги демантира овие лицемери и лажговци. Се што ќе се каже, треба да се има одговорност пред граѓаните. Со ваквите закони и се право контрауслуга на државата, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница.

Тој им порача на пратениците од СДС дека функциите поминуваат, образот останува и дека како и другите и нивните деца треба да продолжат да живеат во вашата држава

– Со оглед дека сакате да правите споредби помеѓу Синохидро и Актор, излезете и побијте ме. Просечна цена по километар на договор со Бехтел и Енка, 12 милиони евра, а тие две 6,6 и 5,6 милиони евра. Кој чини повеќе? Други дополнителни трошоци немало со Актор и Синохидро, сега има во 25 ставки. Обврска за вработување на македонски граѓани е само 31%, рече тој.

Додаде дека нема одговор кој склучува полоши договори затоа што немаат одобрение од Артан Груби, затоа што тој треба да ги земе парите и да го плати Ковачевски за уставните измени да внесе одредба дека Македонија ќе биде бинационална држава.

– Со Актор и Синохидро важечко законодавство беше македонското, а сега е на Англија и Велс, што е ова ако не е подреденост, претходно немаше барање за изменувања на закони, а сега се носат закони кои се во колизија со Уставот. Сега има и обврска договорот да се префрли на трета страна без одобрение на државата, изјави Стојаноски.

Посочи дека обврска за изготвување на главниот проект и техничката документација, во претходните два случаи, тоа беше на државата сега на изведувачот.

– Зар немало немаше некој попаметен да ви каже зошто не се дава таа обврска на изведувач, затоа што држава треба да контролира, затоа што државата има закони и да провери дали е безбедно, каде е контролата? Овде и државата ќе ги плати грешките. Рушите цел државен систем, ќе легализирате криминал, нагласи Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Собранието донесе одлука за формирање анкетна комисија за случајот со Онкологија

„Јовески мора да одговори зошто ги криел фактите за модуларната болница“: Поднесена интерпелација за Јавниот обвинител

Орце Костов

Продолжи дебатата за измените на Законот за ДДВ

ОТА во правен вакуум без директор: Мандатот на Ангеловски истекува утре, Собранието дури вчера распиша нов оглас

Орце Костов

Анкетна комисија на Собранието ќе утврдува политичка одговорност за случувањата на Онкологија

Собранието ќе расправа за случувањата на Клиниката за онкологија

Катерина Ѓуровски