Стојаноска: Овој владин состав ќе донесе криминал и продлабочување на кризата

Од:

Кадровските решенија за владиниот состав се резултат на „Пазар 3” коалицијата каде примарен интерес не е напредокот на државата, туку бизнис интересите и личните кадровски амбиции, рече на денешната прес-конференција во Собранието Дафина Стојаноска, заменик-координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Самите решенија кои се предложени, како што кажа, „укажуваат на тоа дека со Владата управуваaт ДУИ и Ахмети, а Ковачевски е слуга на нивните интереси“.

– Додека Ахмети и ДУИ ја топат и обезвреднуваат албанската опозиција, Ковачевски и СДС го плаќаат ваквиот план на Ахмети, нагласи Стојаноска.

Овој владин состав, според неа, нема да донесе ниту реформи, ниту напредок, туку „криминал, матни тендери и продлабочување на кризата“.

– СДС и Ковачевски стануваат малцински партнер во својата Влада, само за да им продолжи криминалот тие гласаат се што Ахмети ќе им предложи. Доколку помине оваа реконструкција, Алијанса многу бргу ќе ја дочека судбината на Алтернатива, а Таравари за неколку месеци ќе сфати дека бил злоупотребен и дека трампал тендери за крај на неговата партија и кариера, рече Стојаноска.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба