Стојаноска: Да се работеше за европска агенда, Ковачевски прво ќе понудеше разрешување на Османи и Маричиќ

Од:

Европскиот пат значи многу поголем квалитет и многу поискрен пристап. Ако Ковачевски речиси цели два месеци се пазареше и мака мачеше за да стигне до денешнава седница, чиј што старт самиот го прогласи за ден на жалост, што исто така беше пресметано за да има џокер во рака, доколку планот за сигурно мнозинство не му успее, па божем поради денот на жалост би ја одложил седницата, тогаш најмалку може да се заклучи дека оваа е коалиција за европска агенда, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од денешната собраниска седница на која се дискутира за именување на новите предлози за министри.

Стојаноска посочи дека ова е се само не коалиција за реализирање на европската агенда, зошто ако беше така Ковачевски немаше да бара разрешување на министрите за здравство, информатичко општество и за дијаспора, туку ќе предложеше разрешување на министерот за надворешни работи, Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

„Да беше така, немаше Ковачевски да ги разрешува министрите за здравство, информатика и дијаспора и да договара оставки од Тупанчевски и Нухиу. Да се работеше за европска агенда, Ковачевски прво ќе ни понудеше разрешувања на Османи и на Маричиќ. Едниот отиде во Бугарија, затапувајќи не знам чии интереси и засенувајќи ја улогата на институциите кои што меѓу останатото и заради оваа имаат веќе доверба под 4%, а другиот јадејќи бифтеци, трошејќи народни пари уште не знае со сигурност дали преговорите за членство во ЕУ се започнати или се започнати пред пристапни преговори или е во тек само скрининг, не знам кој по ред“, рече Стојаноска.

Вакви несериозни ликови, додаде Стојаноска, не може да ни ја водат европската агенда, како што не може во Европа да не водат премиер и претседател на држава кои се плашат да дадат една државничка изјава, кои истата ја менуваат за кусо време и кои внимаваат да не ги навредат сите освен Македонците од Македонија и надвор од Македoнија.

Во однос на шпекулациите за тоа кој кандидат со која партиска личност е близок и како стасал до предлог за министер, Стојаноска вели дека би ги оставила настрана, но сепак останува сомнежот дека оваа измена во владата повторно задоволува некои или нечии должничко доверителски односи, а најголем е сомнежот дали нешто навистина би се постигнало со овие измени.

Би можело да ве интересира

Стојановска: СДСМ го повлече предлогот Љубомир Јовески да биде уставен судија, повеќе не им е од корист

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

(ВИДЕО) Силјановска – Давкова ги исполнува критериумите да биде претседателка на Македонија, вели пратеничката Стојаноска

(ВИДЕО) „Вицепремиере зошто сега не намигнувате?“: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира седницата и бара оставка од Маричиќ

Орце Костов

Маричиќ ги демантира обвинувањата од пратеничката Дафина Стојаноска

Дафина Стојановска: Не му е ова првпат, Маричиќ заборава дека не е во филм за возрасни

Орце Костов