Стојанче Ангелов и јапонски експерти за поплави се најдоа во радовишко Коџалија

Од:

Денеска Центарот за управување со кризи реализира теренски согледувања и средби со жителите на радовишкото село Коџалија, околу проектот за сопирање на поројни поплави во државата, кој се спроведува во соработка со Јапонија. Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), заедно со претставници на локалната самоуправа од Општина Радовиш, оствари работна средба со претставници – експерти од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA) за Проектот „Екостистемски – базирано намалување на ризици од катастрофи Eco-system based Disaster Risk Reduction – ECO-DRR)“.

Преку овој проект во Република С. Македонија ќе биде применет концептот на екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR), со крајна цел да се намали интензитетот и фреквентноста на природни непогоди, како што се поројните поплави, лизгање на земјиштето и ерозија на почвата, кои во последните години предизвикуваат големи физички штети, социо-економски последици и доведуваат до тешка деградација на природната средина.

Би можело да ве интересира

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

(ВИДЕО) Пожарникарите се борат да спречат пожарот да навлезе во боровите шуми на Јасен

A1on

Активни се шест пожари на територијата на Македонија

Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11