Стоилковски: Заев го потценува народот тврдејќи дека Хоџа си заминал затоа што ја сака Македонија

Од:

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека Заев молчи за скандалот со кој, како што рече, се потврди дека ѝ нанел огромен срам на државата со именувањето на Хоџа на висока функција во Владата.

– Сега продолжува да го потценува народот и лаже дека Хоџа си заминал затоа што си ја сака Македонија. Хоџа можеби си ја сака Македонија, но федерализирана. Заев го знаел ова и пред да го направи политичкиот договор со него и да го именува за свој советник. Шаќири вели: „Јас лично како единствен избор гледам федерализација на Македонија“. Ова е јасен став на Џезаир Шаќири Хоџа, човек кого Зоран Заев го именуваше за свој советник за безбедност и за борба со радикализмот, и се обиде да го претстави како човек кој ја сака Македонија! Шаќири вели: „Во рамки на шаховските коцки можеме да бараме федерализација, конфедерализација“ уште еден јасно изразен став на лице со богато криминално досие и екстремистичко делување, кој што од владата на Република Македонија го ангажираше за советник за безбедност! Заев за свој советник за безбедност именуваше човек од американската црна листа токму заради радикализам и екстремизам, кој што единствена опција гледа во федерализација на Македонија, рече Стоилковски.

Тој запраша кој и кому му оди во прилог разнебитувањето на Македонија од внатре.

– Зоран Заев вели дека лично разговарал со човекот кој што тврди дека со оружје запоседнал територија која ја истргувал за висока функција во власта. Во одбрана на изборот на Хоџа за советник за безбедност – наспроти јавноста, професорите, опозицијата, меѓународната јавност – застана Заев, но зад Хоџа застанаа и министрите за одбрана и за внатрешни работи на Република Македонија! Спасовски и Шекеринска, првите луѓе на македонските безбедносни структури, наместо во одбрана на државата и нејзината унитарност, застанаа во одбрана на владиното ангажирање на вооружен екстремист кој запоседна територии, екстремист кој посакува паралелни институции, нарушување на унитарниот карактер на државата, и повикува на војна за анектирање на македонска територија од соседни држави! Наместо полицијата и обвинителството да поведат постапка за тоа каде е оружјето на Џезаир Шаќири и на неговите соборци, институциите потиснати од картелот на власт молчат, рече Стоилковски.

Тој додаде дека Шекеринска и Спасовски застана во одбрана на ангажманот за владин советник да биде поставен човек кој ги слави терористите од Диво Насеље.

– Приказната дека Хоџа бил „вработен за лепче, а сега сам се повлекол“ е за мали деца. Одговорност за овој скандал, мора да има и од тој што го именувал и од оние кои ја дале препораката за Хоџа но најмногу од оние кои ја бранеа оваа срамна одлука, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ