Стоилковски: Груби да не крие, од кој датум има одобрение за туѓа кола?

Од:

Три дена нема одговор од кога тоа Артан Груби има одобрение за туѓо возило, документ потребен за возење на туѓа кола?

Да појаснам:

– „Гранит“ продава хотел за 55.000 евра на фирма „Еуроком лајтинг“ која има 1 вработен и 3 години работи со загуба. Факт е дека газдата е комшија на Артан Груби.

– Комшијата на Груби на 15-ти август 2022 година, со фирмата во загуба три години со ред, со 1 вработен, купува хотел на Попова Шапка и веднаш потоа, на 24-ти август 2022 година, кола Ауди А6 поскапа од хотелот!

– Иако купено од фирма, аудито е регистрирано на приватно лице, газдата на фирмата, 35 годишен комшија на Артан Груби.

– „Гранит, фирмата која што го продава хотелот по продажбата добива милионски тендер за автопатот Блаце!

– Аудито потоа му се дава, на користење, од комшијата, на Артан Груби.

Инаку, за споредба, цената за хотелот на Шапка е 366 евра за квадрат, а Ауди А6, од 2021г, какво што возел Груби, е поскапо од 55.000 евра!

За да бидат работите појасни, на крај:

– „Гранит“ добива милионски тендер за автопатот кај Блаце.

– „Еуроком лајтинг“ на комшијата на Груби можеби хотел на Шапка за 55.000 евра.

– Артан Груби добива Ауди А6 поскапо од хотелот, можеби на користење од комшијата!

Затоа е многу важно да се одговори: од кој датум Артан Груби има одобрение за управување на туѓо моторно возило во земјава и во странство?

Груби да не се крие и да не крие, од кој датум има одобрение за туѓа кола?

Тој одговор ќе даде и одговор или насока за одговор на многу други веќе отворени прашања, изјави портпаролот Наум Стоилковски на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста