Стоилковски: Директор на центар за социјални работи, кадар на Тренчевска во Радовиш, приведен за трговија со дрога

Од:

На крими-скандалите на СДС им нема крај. Директор од СДС, пулен на Јована Тренчевска, прв човек на институција за социјални работи во Радовиш, е фатен од полицијата за трговија со дрога вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Александар Филев, ВД директор на меѓуопштински центар за социјални работи во Радовиш, на 17-ти месецов, 5 минути пред полноќ, во Штип, бил приведен од службеници од одделот за недозволена трговија со дрога и оружје, заради тоа што кај директорот Филев била најдена и одземена дрога. За тоа има и полициски записник, дека е приведен, дека е пронајдена опојна дрога и дека следува поднесок. Прв човек на центар за социјални работи, центар за луѓе во социјален ризик, центар за деца во ризик, центар кој е одговорен за трезвеност во носење одлуки за помош на деца и семејства во ризик, меѓу кои и помош за состојби предизвикани од зависности, таков центар е воден од директор, кадар на СДС, фатен во трговија со дрога, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

20 проценти повисоки плати за вработените во социјалните установи

Градоначалникот на Врапчиште исклучил струја и греење во градинката, го одзел и возилот за дотур на храна

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

Фатмир Лимани ја презеде функцијата министер за социјална политика, демографија и млади

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија