Сто и педесет илјади долари за поплавените од дијаспората во Канада

Од:

Македонската дијаспора во Канада собра над 150.000 канадски долари, помош за настраданите од поплавите во Македонија.

Здружената македонска заедница во Канада во неколку хуманитарни акции организирани од црквите на Македонската православна епархија, македонски организации во Канада, активисти, подржани од македонската Амбасада и Конзулат во Торонто собра над 150.000 канадски долари за помош на настраданите од поплавите во Скопје и околините места.

Средствата се собрани во организираните две хуманитарни акции на 14 август во македонската православна црква Св. Илија во Мисисага и втората на 17 септември годинава во црквата „Св. Климент Охридски“ во Торонто.

Најголемата донација во вредност од 50.000 канадски долари беше дарувана од бизнисменот Крсте Ивановски. Вкупниот износ на донации организирани само во македонските православни цркви од Канада изнесува 107.650 долари. Уште неколку директни донации на поединци и организации од Канада ја достигнаа вкупната донација од македонската заедница во Канада до над 150.000 канадски долари.

– Иако физички не сме во Македонија, нашите срца и мисли се секогаш со Македонија, тоа не се само празни зборови, нашата љубов и хуманост за Македонија и македонскиот народ го покажавме на дело, велат од здружената македонска имиграциона заедница во Канада.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплавите во Романија одзедоа три животи

А1он

Голема потрага по исчезнатите во поплавите во Тексас

Тексас: Бројот на жртви од поплавите се искачи на 120, потрагата продолжува по повеќе од 170 исчезнати

Горан Наумовски

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 82

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ