Стјуарт Пич: Владата треба да покаже дека се справува со корупцијата

Од:

Граѓаните на Северна Македонија ја перцепираат корупцијата како еден од клучните проблеми во земјата и Владата треба да покаже дека се справува со овој проблем, порача во интервју за МИА, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич.

– Анкетите тука покажуваат дека јавноста, граѓаните на Северна Македонија ја перцепираат корупција како проблем. Владата треба да покаже дека се справува со овој проблем. Постоење на независен систем за назначување заснован на заслуги, на пример транспарентен изборен процес на лица на клучни позиции, вклучително и за судии, членови на Комисијата за борба против дискриминацијата и лица на високи раководни позиции претставува добар почеток, заедно со потребата за транспарентност и отчетност во многу јавни институции, нагласи Пич, кој оваа недела беше во посета на земјава и оствари средби со претставниците на државниот врв.

Тој во интервјуто за МИА изјави дека Обединетото Кралство ја поддржува амбициозната реформска агенда на Северна Македонија, вклучително и реформите што треба да се спроведат за членство на земјата во Европската Унија. Лорд Пич додаде и дека Обединетото Кралство финансиски ја поддржува Северна Македонија во справување со овие аспекти преку повеќе програми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Напредок од два индексни поени и девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023

Јан Коп до Ахмети: Посветеноста за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото

Грковска-Нефју: САД ја продолжуваат поддршката на Македонија за спречување на корупцијата

Орце Костов