• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Стигнаа европски критики за затворите: Условите не се сјајни, потребни се професионални чувари

by А1он06/05/2021 - 21:4707/05/2021 - 09:17400
Share0

Македонија треба да воспостави професионална затворска служба, ефикасен надзор на управувањето во затворите и да обезбеди подобри услови за лицата задржани во затворите Идризово и Скопје, се наведува во извештајот на Европскиот комитет за спречување на тортурата и на нехуман и деградирачки третман или казнување (КПТ) за 2020 година, посветен и на ад хок посетата на негова делегација на земјава.

Добивај вести на вибер

– Ад хок посетата на Северна Македонија во декември се фокусираше на третманот и затворските услови за лицата што се наоѓаат во затворите Идризово и Скопје. Целта беше, исто така, да се процени напредокот постигнат по периодичната посета на Комитетот во декември 2019 година. Делегацијата ги посети и полициските станици Бит Пазар, Гази Баба, Карпош и Кисела Вода во Скопје, се наведува во извештајот на ова тело на Советот на Европа.

Комитетот посочува дека го интензивирал својот постојан дијалог преку разговори на високо ниво, при што на 9 декември минатата година негова делегација разговарала со премиерот и министерот за правда.

– Дискусијата ја истакна потребата за професионална затворска служба со јасни упатства и ефикасен надзор врз тоа како таа да се раководи. Исто така, беше препознаено дека Министерството за здравство треба да инвестира повеќе во подобрувањето на здравствената заштита што им се дава на затворените лица. Се дискутираше и за неопходните мерки за обезбедување на подобри услови за затворениците во затворите во Идризово и Скопје и за воспоставување режим на стимулација, се посочува во извештајот.

Според Комитетот, работите се движат цело време во позитивна насока, но се уште има „сериозни прашања за решавање“.

– Разговорите на високо ниво, во кој е вклучен премиерот на Северна Македонија, ги покажува заложбите на властите на Северна Македонија да се вклучат и да ги имплементираа препораките на Комитетот, нагласи претседателот на КПТ, Алан Мичел.

zatvori

Би можело да ве интересира

Совет на Европа: Македонските затвори се „умерено пренатрупани“

Горан Наумовски18/07/2025 - 16:00

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Горан Наумовски16/04/2025 - 07:37

Катастрофални услови, пренатрупаност и и лоша здравствена заштита во македонските затвори

Катерина Ѓуровски10/04/2025 - 12:10

Пандов: Во некои затвори над 50 проценти од затворските полицајци се корумпирани

Катерина Ѓуровски09/04/2025 - 14:29

Левица: Корупцијата царува во затворите – животот во казнено поправните установи под секое човечко ниво

Горан Наумовски30/06/2024 - 15:33

Раст на стапката на затворање во Македонија за 25,5 отсто

Катерина Ѓуровски06/06/2024 - 09:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен