(ВИДЕО) Стевананџија: Последниве две години имаме само политички порази, се отвара процес на самодржавна ликвидација

Од:

За жал последниве две години имаме само политички порази, се отвара процес на самодржавна ликвидација, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија од собраниската говорница.

„Иронијата ја донесе Димтрова, а нејзиниот син ја доврши, го смени името и не остави на работ на самоуништување. Самиот министер рече дека ќе дадел оставка. Имаше информација дека ќе ја понесе. Дали ја поднел, па дали ја шкртал, не знам. Гледаме една антимакедонска кампања кај соседите, со кои велите сте удриле столбови на добрососедски односи“, изјави Стевананџија.

Тој од собраниската говорница запраша дали е испратена нота, кога извикуваа демонстранти дека Македонија е грчка. „Дали испративте нота, кога во Бугарија извадија карта на која Македонија е поделена на 4 кантони. Дали, во името на Северно македонците изреагиравте согласно вашите ингеренции. Не, вие само си седите во фотељата, која ви ја плаќаат овие искомплексирани северно, или останати македонци“, изјави Ставананџија.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on