ВИДЕО: Стевананџија побара оставка од Богоевски поради законот за јазиците

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, од собраниската говорница му се обрати на пратеникот Павле Богоевски на кого му кажа дека интерпелацијата е поради него, како што рече, да му проработела совеста.

„Ако има искрени и реални пратеници, нема да има влада вечерва“, рече Стевананџија.

Тој прочита цитат на Богоевски, каде што кажал: „Најдете доказ, ако Заев заговара двојазичност, јас ќе се повлечам од функцијата“. Стевананџија му рече на Богоевски да се казни самиот себеси и да се повлече од функцијата.

„Очекуваме Павле Богоевски да поднесе оставка, да ѝ се извини на јавноста и да проработи совеста во него за да биде вистинскиот борец за човекови права. Вака сè е фарса“, рече Стевананџија.​

Богоевски на ова одговори дека е лага и манипулација и побара од Стевананџија да ја прочита целата изјава и дека тоа се однесувало на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека Заев во говор во Швајцарија заговарал двојазичност. Пратеникот Богоевски тврди дека тогаш побарал да му се даде доказ дека Заев го зборувал тоа во Швајцарија и дека ако е вистина, ќе се повлече од предизборната кампања.

„Таа изјава е дадена во изборна кампања кога вие на големо зборувавте дека сегашниот премиер бил на некои посети и зборувал дека ќе воведе двојазичност со сигурност. Јас барав линк и цитат за да се докаже тоа. Ова сега не е двојазичност на начинот на кој вие зборувате. Ова е сега легализирање на правата на секој човек за да комуницира со органите на државата“, рече Богоевски.​

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on