Стејт департментот го поздрави доделувањето на мандатот за нова влада

Од:

Со соопштение вечерва Стејт департментот го поздрави доделувањето на мандатот на Зоран Заев за формирање на нова влада во Македонија, наведувајќи дека се надева на соработка со новата влада во справување на предизвиците што стојат пред земјата.

„Соединетите Американски Држави ја поздравуваат одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да го додели мандатот за формирање влада на Зоран Заев. Оваа одлука претставува важен чекор напред за македонската демократија и за граѓаните на Македонија. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата влада во справувањето со многуте предизвици што стојат пред Македонија, вклучувајќи ја тука и потребата за демократски реформи и за целосно спроведување на Договорот од Пржино. САД остануваат пријател и партнер на Македонија и сме посветени на поддршка на нејзината европска и евроатлантска иднина“, се вели во соопштението од Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

Македонија меѓу земјите за кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Горан Наумовски

Стејт департментот им советува на Американците во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата

Стејт департментот издаде предупредување: Американците веднаш да ја напуштат Русија

Убијте ме, не ја разбирам нивната логика, Вучиќ за санкциите од САД за НИС

Катерина Ѓуровски

Стејт департмент: Македонија се уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе

Стејт департмент: Нема значителни промени во состојбата со човековите права во Македонија