Стејт департмент: Со новиот спикер на Собранието ќе работиме на унапредување на демократијата во Македонија

Од:

Во соопштение на заменик портпаролот на американскиот Стејт департмнет Марк Тонер, се наведува дека САД силно ги осудуваат насилствата врз пратениците во македонскиот парламент по изборот на Талат Џафери за нов спикер на Собранието.

– Ќе работиме со новиот претседател на Парламентот за поддршка на демократијата и да и помогнеме на Македонија да продолжи на европскиот пат, вели Тонер.

Во изјавата се додава дека за насилството нема место во демократските процеси.

– Ги изразуваме нашите најдлабоки симпатии кон тие пратениците кои што беа повредени во нападите. САД ги повикува македонските власти да ја гарантираат безбедноста на сите пратеници во Собранието, да се истражат овие напади и одговорните да се изнесат пред лицето на правдата, стои во изјавата.

САД ги повикуваат сите партии да останат смирени, да ги решат сите проблеми мирно и да се почитуваат законите и демократските процеси.

Би можело да ве интересира

Песков: Санкциите на ЕУ може да го отежнат договорот меѓу Русија и САД за испорака на гориво

Повеќето Американци сметаат дека Трамп ја користи својата функција за лично богатење

„Волстрит џурнал“: Иран ја зајакнува одбраната и се подготвува за нови напади

Трамп воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд

„Зеленски го загуби трпението, ги нападна Американците“

По повеќе од две децении и 4.500 загинати Американци: Утре и последниот американски војник треба да го напушти Ирак