Стејт Департмент: Корупцијата и непочитување на владеењето на правото – главни проблеми во Македонија

Од:

Корупцијата и владиното нецелосно почитување на владеењето на правото се главни забелешки во делот за Македонија во денес објавениот редовен годишен извештај на Стејт департментот за човековите права во светот.

„Најзначајните проблеми со човековите права произлегуваат од значителните нивоа на корупција и од владиниот неуспех целосно да го почитува владеењето на правото, вклучувајќи ги и континуираните напори за ограничување на слободата на медиумите, мешање во судството и селективното кривично гонење“, стои во извештајот.

Стејт департментот наведува дека судството во Македонија го карактеризираат политичко мешање, неефикасност и фаворизирање на етаблирани личности во општеството, пролонгирани процеси, прекршување на правото на јавен судски процес и корупција. Извештајот констатира дека недоволното финансирање се одразува врз судските операции и ефикасноста, како и дека бројни судски претставници ја обвинуваат владата дека го користи буџетскиот авторитет за да го контролира судството.

Меѓу другите проблеми со состојбата на човековите права во земјата, американската влада ги набројува физичкото малтретирање на притвореници и затвореници од страна на полицијата и затворските служби, како и лошите услови во затворите и менталните институции. Проблеми се и ограничувањето на правото на пристап до азил, домашното насилство против жени и деца, дискриминацијата против инвалиди, Роми и други етнички малцинства, како и против ЛГБТ лицата.

Иако Уставот обезбедува слобода на говорот и печатот, Стејт департментот потенцира дека владиниот притисок врз медиумите и натаму е проблем и тврди дека имало повеќестрани обвинувања дека владата селективно гони опозициони и медиумски личности и се меша во големи судски процеси за клевета покренати од виши владини лица. Згора на тоа, американската влада наведува дека поединците и организациите, коишто навидум се блиски до актуелната влада, се сопственици на повеќето главни медиуми, а дека исклучително ограничен број на независни медиуми активно изразуваат разновидност на гледишта, без ограничување. Медиумите се претежно поделени долж етнички и политички линии, се вели во делот за Македонија во извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права.

Јане Бојаџиевски
ВОА

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

Стејт департментот е запознаен со инцидентот на Скопскиот аеродром

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски