Стефковски: Пристигнати се дојави за бомби во пет училишта во Гази Баба

Од:

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека повторно има дојави за бомби во пет училишта во таа општина.

Во објавата Стефковски напиша:

„Со жалење сакам да ја информирам јавноста дека пред 10 минути во општинските основни училишта 25 Мај, Дане Крапчев, Григор Прличев, Кирил и Методиј и Крсте Мисирков се пристигнати дојави за поставени бомби.

Спроведени се сите безбедносни протоколи, направена е евакуација и сите дечиња се на безбедно.

Пријавено е во надлежните институции и се очекува да се проверат дојавите.

Сакам да изразам најостра осуда кон испраќачите на овие дојави и барам од институциите час поскоро преку превземање на сите мерки кои им стојат на располагање да стават крај на ваквите појави“, напиша Стефковски

Би можело да ве интересира

Дојави за поставени бомби ги испразни судовите во Подгорица

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид и Кратово

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид

МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во Кочани

Горан Наумовски

Серија од анонимни закани за поставени бомби во Србија

Црна Гора: Проверени 165 локации, пријавите за бомби се лажни

Горан Наумовски