Стефанова: Катица Јанева ме тераше да го затворам предметот „Империја“ против Камчев

Од:

Обвинителката од поранешното СЈО, Лиле Стефанова пред судот рече дека нејзината поранешна шефица Катица Јанева на состанок наложила да се пуштат од притвор и да одат во домашен притвор Орце Камчев, Цветан Панделевски и уште тројца осомничени од предметот „Империја“.

„Рече дека тоа е важно за процесите и за донесување на Законот за јавно обвинителство. На тоа се побуни единствено обвинителот Артан Ајро, другите си молчеа. Јас не можев да сфатам каква врска имаат Камчев и Панделевски со Законот за ЈО?!”, рече таа.

Според Стефанова, Јанева со висок тон им се обраќала на обвинителите барајќи спогодби за Камчев да излезе од притвор и предметот против него да се затвори.

„Еднаш не викна мене и обвинителот Бурим и рече: „Лиле да му го дадеш пасошот на Камчев и приговори нејќам! И ти Лиле и ти Бурим, да земете да направите извештај колку штета треба да се плати во „Империја“ и „Поштенкла банка“ и да се плати штетата и тука да се затвори предметот“. Јас бев вознемирена. Истрага која била работена 3 месеци, не може да се пристапи кон склучување спогодба. Ова се случи на 16 април 2019 година“, сведочеше Стефанова.

Таа пред судот рече дека во тие моменти сакала да даде оставка, да излезе пред медиумите и да се обрати до Советот на јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов