Стефанов: Трајно ќе го решиме проблемот со водата за пиење во Неготино

Од:

Интервју со претседателот на Општинската организација на СДСМ Неготино, Васко Стефанов за sdsm.org.mk

Кои се вашите приоритети во раководењето со Општинската организација на СДСМ Неготино?

Стефанов: Јас и досега бев претседател на Општинската организација на СДСМ Неготино, избран во февруари 2012 година на вонредна конференција. Со моето именување од страна на претседателот Зоран Заев за старо-нов претседател на Општинската организација на СДСМ Неготино, на некој начин се верифицира мојата досегашна работа, но во исто време и ни се дава шанса, мене како претседател, заедно со новиот Извршен одбор и другите органи и тела на Општинската организација, во наредниот четиригодишен мандат да ја вратиме победничката атмосфера во Неготино.

Приоритетна задача на Општинската организација во наредниот период секако пред се’ е кадровската екипираност како предуслов за понатамошните активности. Потоа ќе пристапиме кон ажурирање на нашите членови во рамките на месните одбори, со единствена цел да дефинираме реалниот број на активни членови кои учествуваат во партиските активности, а колку имаме пасивни членови и на што се должи нивната пасивност. Мораме да ја подигнеме масовноста на партиски активисти и да го мотивираме нивниот политички ангажман.

Сметам дека СДСМ во Неготино располага со извонреден човечки потенцијал, луѓе профилирани во своите средини, но луѓе кои од икс причини го замрзнале своето политичко делување последните неколку години. Особено внимание ќе посветиме на привлекување во нашите редови на млади и образовани кадри, како движечка сила во нашата држава. Да ги поттикнеме младите да останат да живеат овде, да формираат семејства, да им дадеме надеж дека и во Македонија може пристојно да се живее иако одамна веќе не е така.


Кои ќе бидат Вашите први активности по изборот за претседател на Општинската организација?

Стефанов: Организационата поставеност, кадровски зајакната и омасовена, е главен предуслов за успешно функционирање на една Општинска организација Мораме да ги заживееме и прошириме и комисиите како помошни тела на Општинската организација, кои ги опфаќаат сите области од нашето живеење како на пример, здравство, образование, социјална политика, спорт, култура и.т.н. Токму овде, секој член или симпатизер, може да го најде своето место за политичко делување. Од работата на комисиите понатаму ќе произлезат и изборните програми и решенијата за сите проблеми со кои секојдневно се соочуваме. Понатаму, координирана активност очекувам и од советничката група во Советот на општина Неготино, која е составена од искусни партиски членови. Нивно поголемо присуство на терен, комуникација со граѓаните, навремено детектирање на проблемите и понуда за решенија на истите.

Ќе ги отвориме вратите на партијата и за нови луѓе, идеи и мислења. Свежа крв во нашето партиско делување. Ќе им дадеме шанса на сите креативни граѓани кои имаат желба да дадат свој придонес во осмислувањето и реализирањето на сите партиски активности на Општинската организација.

Во координација со централното раководство ќе организираме трибини или состаноци со претставници на раководството на партијата, се со цел за промовирање на нашите државни политики. Во недостаток на локален медиум, преку зголемениот број активисти, ќе допреме и до последниот неопределен гласач и очи во очи да ги соопштиме нашите мислења, ставови и решенија за целокупната состојба во нашата држава.


Кој проблем според Вас е најгорлив проблем во вашата општина и како би го решиле?

Стефанов: Убедливо најгорлив проблем со кој се соочува општина Неготино е недостатокот на вода за пиење и секојдневните рестрикции со кои се соочуваат граѓаните. Во некои делови на градот вода има само по неколку часа дневно. Градската водоводна мрежа е стара и дотраена и имаме преку 60 % загуба на водата во системот.

Затоа е потребна итна замена и реконструкција на поголем дел од водоводната мрежа, но и ископ на нови бунари со пречистителни станици за дополнителен дотур на питка вода во системот. Носителите на локалната власт во Општина Неготино немаат капацитет да го решат овој проблем, а нема помош ниту од надлежните државни институции.

За овој проблем од поодамна е информирано и централното партиско раководство. За таа цел заедно со стручни лица од СДСМ изработена е физибилити студија за решавање на овој проблем. Наша заедничка заложба ќе биде, новата влада предводена од СДСМ, заедно со општината, сериозно да се зафати со решавањето на овој проблем, односно да се изнајдат финансиски средства за трајно решавање на водоснабдувањето на општина Неготино.

Би можело да ве интересира

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ