Стечајните работници работат на новиот прелог закон

Од:

Раководството на Здружението на стечајни работници денеска во Штип оствари средба со своите членови. Претседателката на Здружението на стечајни работници, Лилјана Георгиевска вели дека на средбите кои се реализираат низ градовите се бара согласност од членовите за доставување на предлог законот, со кој ќе им се реши статусот и ќе добиваат секој месец паричен надоместок. Таа забележа дека заедно со претставници од синдикатот и експерти веќе се работи на предлог законот за стечајни работници.

-Нашето барање е 15 години минимум стаж да се има, 52 години за жени и 55 за мажи и да се признае оној стаж по работна книшка, заради тоа што тоа е одработен стаж, а не да се прави докуп на стаж, заради тоа што луѓето немаат пари да докупуваат стаж и многу би отпаднале доколку не го направиме тоа. Стрикно ќе се држиме до тоа за стажот. Нашите барања се токмат да се пуштат и во предлог законот, како што едно време беше на сила во Македонија, а тоа е 15 години работен стаж, 52 години за жени и 55 за мажи и тоа за невработени лица. Така да ги опфати сите, со една определба од оној транзициониот период и што сме останати од тој период од 1997 па најверојатно ќе биде до 2013 година, вели Георгиевска.

Таа истакна дека следи период на консултации со ресорните министри и премиерот Заев, со цел да се утврди што ќе содржи новиот предлог закон за стечајните работници. Георгиевска смета дека веќе пред летните одмори ќе го достават предлог законот, по што очекуваат новата Влада да го оствари своето ветување веќе во септември или најдоцна по локалните избори. Во меѓувреме се пребројува и членството. Георгивска забележа дека според евиденцијата имаат околу 4.000 стечајни работници, но во последните неколку години оваа бројка е намалена.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дополнителни 1.100 стечајци ќе добиваат месечен надомест од над 9.200 денари