Ставревски: Македонија ја претставивме во позитивно светло и побаравме поддршка од ЕУ да ги отвори вратите

Од:

Земјите од Југоисточна Европа и Република Македонија силно ги чувствуваат последиците од економската криза. Во таа насока го искористив овој Самит за презентација на економските состојби во Македонија каде имаме некои позитивни работи и дека во некои сегменти од економијата стоиме многу подобро од другите земји. Македонија има ниско ниво на долгот и е четврта најниско задолжена земја во Европа. Ова го истакна  вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски по завршувањето на Самитот во Брисел под наслов “Напредок на Балканот: Битка за справување со влијанието од кризата”.

На Самитот, јави дописникот на МИА од Брисел, се дискутираше за зајакнување на демократијата и владеењето на правото, преземање на цврсти мерки за стимулирање на деловното опкружување, како и за енергетската ефикасност како клуч на посеопфатен напредок.

Според вицепремиерот Ставревски, овој Самит е на највисоко ниво и е  најзначаен за Европската унија и земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои е и Република Македонија, со цел со Унијата и останатите земји од регионот низ разговор да се види како сите заедно да се справиме со предизвиците на економската криза.

– Ние имаме солидни резултати во делот на подобрување на бизнис климата, во што сме меѓу подобрите во Европа и најдобри во Југоисточна Европа. Во тој дел, Македонија ќе побара поддршка од ЕУ и банките од Европа, пред се од Европската инвестициска банка (ЕИБ) да продолжат со кредитните линии за македонските мали и средни претпријатија и за инфраструктурни проекти како значаен инструмент во борбата за зголемување на економскиот раст. Следната година, со  нивна помош реализираме некои крупни проекти како што е автопатот на Коридорот 10 и некои други проекти во делот на поддршката на мали и средни претпријатија, кредитната линија од 100 милиони евра и слично, додава Ставревски.

Според македонскиот вицепремиер и министер за финансии, македонската делегација на овој самит имала можност на високо ниво да ја претстави Република Македонија во позитивно светло и да побара поддршка од ЕУ и од европските пријатели да ги отворат вратите за Македонија.

– Тоа ќе помогне за растот во иднина да биде и поголем и да имаме повеќе странски и домашни инвестиции, како и постепено да се реши прашањето за невработеноста што е наш клучен проблем, заклучува Ставревски.

На Самитот во Брисел освен македонскиот вицепремиер учествуваа и премиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ, Стефано Санино, генерален директор за проширување на Европската Комисија, Мирослав Лајчак, вицепремиер и министер за надворешни и европски прашања на Словачка, Борис Вујчиќ, гувернер на Народната банка на Хрватска, Горан Свилановиќ новоименуван генерален секретар на Советот за регионална соработка и други еминентни личности од европската политичката, банкарската и бизнис елита.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат