А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ставрески изврши увид на работата за санирањето на свлечиштето над Кратово

by А1он26/07/2014 - 16:0997
Share0

Работите за санирање на свлечиштето над Кратово одат добро и со интензитетот што е предвиден согласно проектот. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска по увидот на работите за санација на свлечиштето кое е долгогодишен проблем за граѓаните на Кратово, а заради лошите временски услови неодамна состојбата уште повеќе се влоши поради што Агенцијата за државни патишта започна со негово санирање.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Добив уверување од директорот на Агенцијата и од сите ангажирани дека ќе се запази динамиката и до 20 септември годинава целосно ќе биде завршена санацијата. Со неа не само што ќе се обезбеди стабилност на патот, туку и ќе се прошири со трета лента и тротоар, рече Ставрески.

Посетата на Кратово, додаде, ќе ја искористи и со средба со градоначалникот Мите Андоновски и советниците во Општината за да поразговараат за реализацијата на програмата за најзначајните инфраструктурни и капитални проекти за општина Кратово.

– Ние имаме постојан контакт и како Влада гледаме таму каде што можеме да помогнеме за побрза реализација на проектите. Денеска ќе разговараме до каде се постојните проекти што се почнати и каква ќе биде динамиката на идните проекти, рече Ставрески.

Следете a1on на Youtube YouTube

Директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски посочи дека санацијата на свлечиштето се реализира со буџетски средства и додаде дека ќе чини околу 57 милиони денари.

– Работиме на повеќе вакви проекти низ државата, како што се трите свлечишта на патот Радовиш – Конче, свлечиштата кај Ботун и Тасина Чешма на патот Охрид – Кичево, кај детското одморалиште на Пелистер и во Маврово на потегот од браната до Маврови Анови. Тие се реализираат со буџетски средства и со кредитите што ги зема Република Македонија преку Светска банка и ЕБОР, рече Георгиевски.

Градоначалникот на Кратово Мите Андоновски нагласи дека во општината интензивно се работи на неколку инфраструктурни објекти од локален, но и од регионален карактер.

vlada

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео