А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ставени под контрола трите пожари во реонот на Велешко

by А1он06/09/2013 - 15:46108
Share0

Пожарот над селото Мелница на Мелничка планина попладнево е повторно ставен под контрола.

Добивај вести на вибер

Благодарение на 24 часовната интервенција на екипа на ЈП Македонски шуми подружница ШС „Бабуна“ од Велес и локалното население од Мелница и Горно Врановци пожарот денеска е повторно под контрола, а екипите се уште го контролираат теренот поради можност истиот повторно да се активира,потенцира за МИА, Диме Андонов од ШС „Бабуна“.

Со брзата и непрекината интервенција на екипата на ШС „Бабуна“ под целосна контрола е ставен и пожарот кој избувна вчера напладне на планината Мукос веднаш над Степанскиот манастир. Под контрола е и пожарот што од вчера попладне беснееше помеѓу велешките села Карабуниште и Слп, а со кој беше зафатена околната шума.

Според првичните информации од терен причина за избувнување на пожарите во Велешко е факторот човек. Во некои случаи ненамерно, но најчесто и намерно подметнување на пожар, велат од ШС „Бабуна “ кои стопанисуваат со шумите во поширикиот Велешки регион.

pozar

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он28/03/2026 - 10:2428/03/2026 - 10:42

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:47

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 11:15

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Горан Наумовски12/03/2026 - 15:07

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски08/03/2026 - 09:0908/03/2026 - 09:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто